Ѓоровиќ со 17 кошаркарки ги почнува подготовките за ЕП во Охрид и Струга

Од:

Селекторот на македонската  женска кошаркарска репрезентација до 16 години Владимир Ѓоровиќ ги одреди 17-те кошаркарки кои ќе ги почнат подготовките за Европското првенство Б-дивизија, чии домаќини од 13 до 23 август се Охрид и Струга.

На стартот на подготовките на 13 јули во 17 часот во салата на Факултетот за физичка култура „Македонски херои“, селекторот Ѓоровиќ и неговиот помошник Анета Глигорова ќе ги очекуваат следниве кошаркарки: Стоева Софија, Белеска Наталија, Диздаревиќ Ања, Митрева Теа, Рафтоска Евгенија, Митрева Тијана, Андонова Искра, Бадиоска Моника, Кузмановска Теодора, Костеска Тијана, Толевска Марта, Шеќероска Анамарија, Стојчевска Ксенија, Серафимовска Снежана, Крстевска Александра, Петрушевска Јована и Кочобашиовска Ивона.

Во текот на подготовките кошаркарките ќе тренират два пати на ден, а ќе одиграат и пријателски натпревари против врсничките од Црна Гора и Бугарија.

Македонија на Европскиот шампионат во Охрид и Струга се наоѓа во групата-Д заедно со селекциите на Белорусија, Финска, Израел и Литванија.

Според системот на натпреварување двете најдобро пласирани репрезетации од четирите групи продолжуваат во следната рунда.

На првенството ќе учествуваат 20 репрезетации.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска