Саудискиот принц ќе донира 32 милијарди долари за добротворни цели

Од:

Еден од најбогатите луѓе во Саудиска Арабија принц Алвалид бин Талал денеска на прес конференција во Ријад најави дека ќе донира 32 милијарди долари за добротворни цели преку негови лични фондации, јави ДПА.

Според „Форбс“ Алвалид е најбогатиот човек во богатото со нафта кралство. Принцот, кој има две деца, не најави конкретен рок за својата донација.

„Форбс“, исто така, објави дека Бил Гејтс дал 28 милијарди долари од богатството за доброволни цели, а Ворен Бафет 23 милијарди долари.

Двајцата Американци во 2010 година ја оснваа „Гивиг плеж“ иницијативата, која има за цел да ги убеди најбогатите луѓе во светот да дадат поголем дел од своите пари за доброволни цели.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ