ФОТО: Се урна стара куќа на Ленинова пред автобус полн со патници

Од:

Пред дваесетина минути, во момент кога преполн автобус поминувал на улицата Ленинова, старата куќа која веќе некое време стои оградена поради закана од рушење, се сруши на чекор од преполн автобус, објави порталот Кумановски муабети повикувајќи се на изјави од патниците кои во тоа време биле на местото на настанот.

Нема повредени лица, но според очевидците, самата глетка предизвикала стрес кај патниците.

11657487102054823604713951095094330n

Старата куќа во која нема станари започна да се троши по поројните дождови пред две недели и се закануваше да се сруши поради нарушена статика.

Секторот за урбанизам при Општина Куманово наложи куќата да биде срушена, и на исто место да се изгради нова, со оглед дека деталниот урбанистички план дозволува изградба на нова куќа.

Дождот што предмалку го зафати Куманово можеби бил пресуден, дотраената куќа на ул. Ленинова да се сруши во потполност.

Извор: Кумановски муабети

Би можело да ве интересира

Кумановските занаетчии ослободени од комунална такса

Емир Латифовиќ