Актерите Патрик Стјуарт (74) и Иан Мекелен (76) професионално соработуваат долги години и исто толку другаруваат и прават шеги.
Двајцата познати глумци и пријатели ја разбрануваа јавноста бакнувајќи се „филмски“ на предпремиерата на филмот „Мистер Холмс“ во Лондон.
Откако претходно му дошепнал нешто на уво, Иан го бакнал Патрик пред сопругата и фотографите.
Фотографијата со „бакнежот на црвениот килим“ се појави на социјалните мрежи и предизвика различни реакции.