Во „Кампот на слободата“ вечерашната дебата беше посветена на лустрацијата како механизам за ловење на неистомисленици и реваншизам со нив. На трибината гостуваа главниот и одговорен уредник на “Фокус“ Јадранка Костова, режисерот и професор во пензија, Владимир Милчин и поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски.
Милчин одби првиот лустратор, Томе Аџиев да го нарекува господин затоа што, рече, „да се нарекува Аџиев господин би било исто толку мордбидно доколку некоја жртва на шпанската инквизиција би го нарекла господин шефот на инквизцијата во Шпанија“.
-Јас бев еден од првите противници на лустрацијата, од едноставна причина-знаев што се случуваше со лустрацијата во Полска. Лех Валенска беше обвинет дека бил кодош, беше поведен процес против член на европарламентот од Полска, еден од петте основачи на полската Солидарност, имаше обид за лустрација во Чешка на Јан Каван-еден од петтемина јасни и гласни, затворани дисиденти во некогашната Чехословачка република. Втората причина беше затоа што знаев дека во комисијата мнозинството ќе биде партиски инструирано, а за да може полесно да се прави тоа ќе бидат избрани исфрустрирани луѓе кои ништо не направиле во својата професија-разни писателчиња, квази историчари, и тие си ја извршуваа својата работа, рече Милчин.
-Тие што гласаа за лустрирање невини луѓе, тие треба да бидат кривично гонети, има закони според кои можат да си ја добијат казната, рече Милчин.
Според модераторот, Жарко Трајановски, процесот на лустрација се претвори во процес на компромитација на критичарите на власта.
Јадранка Костова исто укажа дека лустраторите мора во иднина да сносат одговорност.
-Мислам дека ова што го прават на дел од луѓето не семее да остане без одговорност во идни времиња, зашто посотојано ќе се повторува. Тие се луѓето кои сотруваат луѓе, уништуваат луѓе и семејства, а го прават тоа за пари и кариера, рече таа.
Повеќе од нивните обраќања во кампот можете да видите на видеото во прилог.