Организаторот на закопот кој помогна да се подготви телото на Мерлин Монро за погребение, прозборе за тој момент, пишува хрватски Индекс.
Алан Абот и Рон Хаст беа сопственици на една од најпознатите погребални агенции во 60-тите години, а меѓу славните личности чии погреби ги организирале биле и на актерката Мерлин Монро и Натали Вуд, пишува „Дејли Меј“.
Абот напиша книга за неговата работа и во неа изнесени се детали за ѕвездите чие последно испраќање ги организирал. Тврди дека славната русокоса била речиси непрепознатлива во моментот кога ја видел мртва. Тој се потсетува дека на 5. август 1962 година, полицијата го повикала на адреса 1230 Fifth Helena Drive во Брентвуд, во куќата на славната актерка.
Полицијата ја повикал доктор Хуман Енгелберг кој ја констатирал смртта на Мерлин, а Абот тврди дека нејзиното тело било преполно со виолетови дамки.
– Беше тешко да се поверува дека е тоа славната убавица. Таа изгледаше како просечна постара жена која не се грижела за своето тело. Очигледно околностите во кои починала го влошиле нејзиниот изглед. Кога некој ќе почине, заради гравитацијата крвта се таложи на најниската точка на телото, а бидејќи таа починала со лицето кон доле, виолетовите дамки од крв останале на нејзиниото лице, додека вратот и беше потечен, напиша тој.
Тој додаде дека косата и била виткана и кратка, а се чини дека некое време не ја бојадисувала затоа што имала кафен корени.
– Нејзините нозе не и биле бричени, усните испукани, а и биле потребни и маникир и педикир, опиша тој.
Нивната задача им била да ја дотераат, искапат и облечат, а меѓу нејзините работи пронајдени се лажни гради, но не ги користеле затоа што биле премали. Нејзиниот градник го наполниле со вата за да изгледа онака како што луѓето мислеле дека изгледа.