Ирена Ристиќ ќе оди да бара аргументи од Јаким Неделков

Од:

По експресната смена на актерката Ирена Ристиќ од позицијата претседател на синдикатот на Драмски и нејзиното прогласување за “неподобна“ од страна на СОНК, таа со писмо бара аргументи од претседателот на Синдикатот за образование и наука Јаким Неделков, кое ќе му го достави денеска.

-Во 13ч. ќе одам лично да го предадам моето барање до Јаким, зашто сакам да му покажам, а тој да сфати дека принципот “зашто јас така одлучив”, позајмен од премиерот Никола може да си го користат по дома, во дневна и со своите и за таму ич не ме интересира како го спроведуваат!

Во држава која за себе упорно тврди дека е правна, а не е, и секојдневно го докажува спротивното, поточно дека нашите судбини зависат од вољата на неколкумина, треба да им стане јасно дека НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ, пиша Ристиќ на својот Фејсбук профил.

Во дописот кој ќе го достави Ристиќ бара достава на записник, приговори, правно образложение и поука за поништување на избор на Претседател на Синдикална организација при НУ Драмски театар.

-Согласно моето активно членство во СОНК и фактот дека никогаш досега немало на дневен ред на СОНК и на синдикалната организација точка за мое исклучување, поради непочитување на одлуките на СОНК и Статутот, Ве молам за писмена достава на – Записник од седницата на која бев едногласно избрана за нов претседател на синдикатот на Драмски (27 присутни активни членови), како и од онаа на која се решаваше за поништување на истиот избор за претседател на СОНК при Драмски театар.

Исто така и примерок од писмената одлука на СОНК, со правно образложение за поништувањето, точните забелешки за кршење на Статутот (согласно член 16, став 2 од Статутот, наведени како причина), како и правна поука за моето право на жалба по однос на новодонесената одлука за ново заседание и избор на нов Претседател.

Во исто време, имајќи предвид дека не се приложени никакви докази за кршење на Статутот од моја страна, напротив не може да се избегне впечатокот дека се верувало само на збор на четворицата членови кои поднеле приговор, Ве молам за достава на материјални докази и четирите приговори, секако, врз кои се потпрел СОНК при поништување на изборот, на кој едногласно, нагласувам – едногласно, и без никакви притисоци од моја страна, бев избрана за Претседател за горенаведениот синдикат, вели Ристиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристиќ отиде по одговори во СОНК, но не го најде Јаким Неделков

Емир Латифовиќ