Саудискиот Врховен суд ја потврди казната на блогерот Раиф Бадави

Од:

Врховниот суд на Саудиска Арабија денеска ја потврди пресудата на либералниот блогер Раиф Бадави, што му беше изречена од понизок суд во јануари годинава.

Нижиот суд го осуди Бадави на 10 години затвор и 1.000 удари со камшик, под обвинение за навреда на исламот и кршење на законите за информатички технологии.

Покрај ова, Бадави треба да плати и парична казна од 266.000 долари и по излегувањето од затвор не ќе смее да ја напушти Саудиска Арабија во следните 10 години.

Одлуката на Врјовниот суд е конечна и таа може да биде променета само од саудискиот крал Салман.

Пресудата на Бадави наиде на остри критики од страна на западните земји и организациите за заштита на човековите права.

Казната од 1.000 удари со камшик требаше да биде спроведна на 50 пати со по 20 удари 50 петоци по ред и нејзиното спроведување почна уште во јануари. Но, по меѓународните раакции саудиските власти го запреа изрекувањето на казната, образложувајќи ја ваквата одлука со влошената здравствена состојба на Бадави.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ