Британското кралско семејство ги објави првите официјални фотографии од едномесечната принцеза Шарлот.
Принцезата е снимана од нејзината мајка како лежи во рацете на поголемиот брат, принцот Џорџ, пренесоа американските медиуми.
Палатата во Кенсингтон синоќа ја објави фотографијата направена од војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во нивниот семеен дом во источна Англија.
Принцезата Шарлот е легната на рацете и е во прегратка на братот, кој во јули ќе го слави својот втор роденден.
Принцезата е со бел пуловер, а принцот, исто така, е облечен во бела облека.
Британското кралско семејство е постојана цел на снимања и фотографирања на сите водечки светски фотографи, но принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт и натаму ја продолжуваат својата неформална традиција, почната пред две години со првата официјална снимка на принцот Џорџ, направена од неговиот дедо Мајкл Мидлтон.
Шарлот се роди на 2 мај и е четврта во наследната линија за британскиот трон, потсетуваат американските медиуми.