Сакс: Следните шест месеци клучни за судбината на планетата Земја

Од:

Одлуките кои светските влади ќе ги донесат на серијата средби во следните шест месеци ќе бидат клучни за зачувување на нашата планета, рече Џефри Сакс, специјален советник на ОН и директор на Институтот Земја на Универзитетот Колумбија.

Сакс, кој важи за еден од најголемите стручњаци за одржлив меѓународен развој, рече дека на состаноците во јули, септември и ноември, „нашата генерација ќе ги има најдобрите шанси да се врати на вистинскиот пат“.

Овој економист смета дека состаноците на кои ќе се разгледуваат прашањата на финансирањето на одржливиот развој и климатските промени се клучни за поставувањето на курсот на светско ниво кога станува збор за завршување на сиромаштијата и заштитата на природната средина.

-Сега е вистинскиот момент. Ова е најдобрата шанса де се вратиме на вистинскиот пат. Таквите дипломатски можности се јаввуваат еднаш во десет години, а ние успеавме да ги распоредиме во шест месеци. Сакаме да вродат со плод, рече Сакс.

Економистот вели дека новите цели за развој се насочени кон целата планета, а не само кон сиромашните делови.

Како пример тој го наведе усвојувањето на поздрави, поодржливи навики во исхраната.

-Не сум вистинското лице да делам совети за исхраната, но можам да препорачам рамки за владите кои се во согласност со целите на одржлив развој. Тоа ќе бара многу работа, бидејќи такви водичи или нема, или се неточни, вели Сакс.

Би можело да ве интересира

Трамп го назначи Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути