Најмалку 11 загинати во земјотресот на Борнео

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а осум други се водат како исчезнати во земјотресот со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала, што вчера го погоди реонот на планината Кинабалу во малезискиот дел на островот Борнео, соопштија денеска локалните власти.

Земјотресот, кој е еден од најсилните во регионот во последниве неколку децении, погоди популарен туристички регион околу планината Кинабалу, која е висока 4.095 метри.

Потресот предизвика и неколку свлечишта, поради што 137 планинари и туристи со часови остнаа блокирани околку врвот на Кинабалу, кој е еден од највисоките во тој дел на Азија.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 54 километри од градот Кота Кинабалу, административен центар на малезиската сојузна држава Сабах.

Би можело да ве интересира

Филипински натрапници предизвикаа бегалски бран во Северно Борнео

Ана Ололовска