Збунета опозиција

Од:

Кога прочитав дека Црвенковски ќе биде кандидат на СДСМ за Град Скопје , разбрав дека почнало. Потоа Бранко во карирана кошула таму некаде во партијата гасеше свеќи. Две кутии цигари , чаша виски , две односно.. и тоа е тоа. Се потрудиле.

Еден блесав инфо и една блесава слика. Проект „удрете по Бранко“.

Пред многу месеци,  СДСМ излезе со став дека Црвенковски нема да биде кандидат за никакво место , а посебно потенцираа за Скопје.

Андреј Петров уште по збунет на новинарско прашање од една телевизија одговара набрзина, дека председател на партија е повисока функција од таа на Град Скопје.

Уф..Дупло полоша реакција отколку да се каже дека Црвенковски на митинзите многу пати повтори дека не е заинтересиран за никаква функција.

Втор чин по пет минути, бисери . Председател на  партија кандидат за општина Центар.

Не ми работи калкулаторот да соберам што е што. Нека не го бранат Бранко, аман.

Чудно од СДСМ до сега како го бранат Бранко.

Остајте ги ВМРО-ДПМНЕ нека си ја работат работата против Бранко и ако нема што да работите или да измислите стратегија, не го бранете, му правите лоша  услуга, а добра на позицијата.

Еден дневен весник излезе набрзина со констатацијата, Стефче Јакимовски нешто незадоволен, ептен имало судир во СДСМ и опозицијата …Се разбира весникот, близок до прашувачот на пресот.

Дојде и фамозното прво читање на “оној”закон за клевета. Се чудам дали ќе има можност да тужам 2-3 новинарски баби/бараби .

Учеството во прилепскиот одред,  нормално составен од чета , барем во која избегнавме да имаме јатаци и ајдуци и останати, да не се провалиме, ми беше ко одење на кафе.

Залепивме што залепивме и уредно напишав секаде: Борбата за демократија е моја лична работа,  без или со опозиција, јас ќе ја водам. Не сакам да знам  што мислат другите.

Ако треба Дон Кихот пак ќе си го препрочитам, ама пратеничките групи нека си договараат за демократијата им дома, а демократијата е унивезална. Нема договор по тоа прашање.

Борбата продолжува, со нормален додаток на фолиранти и гребатори , како најнормална ситуација.

Секој со медот на капата со доволен  број на муви.

Црвенковски направи овие две години една многу добра работа…Го остави Груевски сам да го решава спорот со Грција.

Сега никој друг освен Груевски не може да го пресече  Гордиевиот  јазол. Референдумот се разбира дека го забораваме кога ни готват локални избори на крајот на март , а можеби и парламентарни во март , а можеби и во јуни , а можеби и најдоцна во септември.

На збунетата опозиција некој треба да и објасни  неколку битни и клучни работи:

А. Опозицијата НЕ СМЕЕ ни на сон да помисли да оди на избори доколку не бидат имплементирани сите укажувања , од ОДИХР до ОБСЕ, па се до ЕК .

Б. Нема тука договор во парламентот помеѓу пратеничките групи.

Само тоа не смее да се случи.

Доколку опозицијата дојде на ова дереџе да договараат со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по ова

помеѓу себе , Брисел ќе го заборави СДСМ и ќе му даде пасс на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Затоа Црвенковски треба под  итно да состави негова преговарачка група и да бара од сите тие кои дадоа препораки да седнат сите заедно, на иста маса.

Нема за што да се преговара билатерално- парламентарно со владеачката коалиција кога тие зеленковци не можат ни попис да направат, а камоли избори .

Тие што мислат во СДСМ дека со вакво барање ќе ја урнисаат сериозноста на македонските институции , би му  предложил на Црвенковски под  итно да ги прати дома или  да им препорача  упати да станат членови на ВМРО- ДПМНЕ.  И такви комедии да кажуваат на друго место.

В. После големиот протест (митинг или претставување на кандидатите),  Црвенковски треба во една реченица да го соопшти тоа што треба да го соопшти : Ова е последниот ваков митинг и дека повеќе со ВМРО-ДПМНЕ , македонскиот народ нема да се малтретира.

Од 29 oктомври СДСМ да престане да се обраќа, полемизира или дебатира со пресови обраќајќи се на ВМРО- ДПМНЕ . Од тој 29 октомври,  адресата на се што ќе прави СДСМ,  треба да биде насочено кон народот на Македонија.

Oд оваа збунета опозиција обраќањето кон ВМРО ДПМНЕ,  ми заличува како насоки како да бидат подобри во владеењето , а тие се секој ден се полоши и полоши.

Г. Збунетава опозиција треба да најде макар една медиумска компанија која треба да подаде молба за отворање на ТВ, копијата да ја достават уредно до меѓународниот фактор.

Црвенковски уште еднаш на клоца треба да дигне персони кои му тврдат дека е тоа јалова работа па дозвола немало да има.

Д. Ја замолувам збунетата опозиција да прекине со ајваријади и проекти од наменско дефокусирање на проблемите на народот во Република Македонија.

Нас и струјата и бензинот и се ни е скапо па ги замолуваме , како граѓани, ако се протестира и тие да излезат , без срам и перде на протести. Ако не излезат,  влегуваат во контра ефектот дека ним не им е ништо  скапо.

Тие кој ги убедија за АМАН , дека не треба да се подржат , на пример,заради тоа што правеле трета опција, левичарска исто така , шират додатно незадоволство кај народот,  кај граѓанскиот сектор и кај интелектуалците.

И на крајот , тврдењата дека СДСМ ќе се бори во Парламентот  против ВМРО-ДПМНЕ и со тоа демек ќе го крева рејтингот , се вика ДЕМАГОГИЈА НА КОМОТНОСТА НА ОПОЗИЦИЈАТА.

Демагозите,  марш од врата на врата цела зима. Не се потребни посети на членови на партијата,  туку да ги посетат обичните луѓе.

Овде демагозите тврдат (партиските војници) дека сите куќи или македонското општество е поделено-обоено и дека нема неопределени.

Абе демагози , одете фарбајте повеќе во плаво.

 

 

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска