Еден од најпознатите светски вљубеници во екстремните спортови, 43-годишниот Американец Дин Портер и неговиот 29-годишен пријател Греам Хант, загинале во несреќа во националниот парк Јосемити во сојузната држава Калифорнија.
Потер и Хант загинале додека ги испробувале крилестите летачки костими по скокот од карпа висока 2.300 метри. Несреќата се случила која при голема брзина се обидувале да минат низ тесен процеп. Несреќните авантуристи при трагедијата не успеале да ги отворат падобраните.
Скокањето BASE е инаку забрането во паркот Јосемити, меѓутоа Потер и Хант ризикувале апсење и можна казна само за да скокнат. Контактите со Потер биле загубени вечерта во саботата, 16-ти мај. Управата на паркот веднаш започнала операција на потрага, телата на двајцата биле пронајдени следниот ден.
Потер беше познат вљубеник во екстремните спортови, а магазинот National Geographic во 2009 година го прогласи за „авантурист на годината“. Тој постави низа рекорди во искачување, а со години успешно се занимаваше и со BASE скоковите. Беше првиот кој успеа да се искачи на трите најпознати ѕида во паркот Јосемити, и тоа во еден ден. Без никаква заштита, исто така, одеше по јаже на 1.800 митри височина минувајќи го кинескиот голем кањон Енши на само два сантиметра тенкото јаже кое се нарекува „склеклајн“. Потер беше сопственик и на најдолгиот ткн „wingsuit“ (крилести летачки костуми) кој траел две минути и 50 секунди.
„BASE скоковите се нешто најопасно што може да се стори. Вашите изгледи за преживување не се во ваша полза. За жал, Дин ја извеле погрешната карта“, напиша на социјалните мрежи неговиот пријател и снимател Кори Рич. „Ова претставува голема загуба за сите нас“, објави, пак, чуварот на паркот Јосемити, ренџерот Скот Гедиман.
Потер пред неколку месеци изјави дека одлучил да се посвети на поголемата безбедност во „„wingsuit“ летањето, откако во кус период загуби неколку блиски пријатели во несреќни случаи при практикување на овој екстремен спорт. Потер беше познат и по тоа што често леташе со своето куче, кое во оваа несреќа не било со него.