Кучињата на Џони Деп протерани од Австралија

Од:

Холивудскиот актер Џони Деп денеска ги испрати неговите кучиња на пат од Австралија кон САД, откако вчера австралиското Министерство за земјоделство го предупреди дека неговите миленичиња не може да останат во земјата.

Министерството му пренело на Деп, кој во Австралија го снима петтото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“, дека доколку неговите кучиња не ја напуштат земјата ќе мора да бидат успиени.

Портпаролот на Министерството, Барнаби Џојс соопшти дека Деп ќе мора да се јави и на формален разговор со владините претставници за да објасни како двата негови јоркширски териери биле „прошверцувани во земјата“.

Австралиските медиуми објавија дека Деп минатиот месец со приватниот авион ги донел неговите кучиња на местото на снимањето на филмот во Голд Колуст во источен Квинсленд.

Телевизијата Еј-Би-Си објави дека инспекторите на Министерството за земјоделство вчера ја посетиле куќата во која престојува Деп и му предале одлуката според која во рок од три дена кучињата мора да бидат вратени во САД или да бидат убиени.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ