Ставревски: Ќе настојуваме да донесеме свеж капитал од надвор

Од:

„Нема да останеме без мерки и инструменти со кои, во рамки на она што го имаме на располагање, ќе се бориме последиците од европската економска криза да бидат помали, вети вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој  учествува на Годишното собрание на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд чиј фокус се токму негативните економски движења во Европа и светот.

„Ќе настојуваме да донесеме свеж капитал од надвор, меѓу другото и од Светска банка со цел подобрување на ликвидноста на економијата. Обврските кон стопанството навреме ќе се сервисираат, онака како што беше соопштено од премиерот, за да ја подобриме ликвидноста на приватниот сектор. Ќе ги зголемиме примањата на оние категории најзасеганти од кризата, односно социјалните категории, пензиите, субвенциите”, рече  Ставрески .

Би можело да ве интересира

Ставревски „на тапет“ пред пратениците

Ана Ололовска