Владата во Мјанмар денеска потврди дека од четвртокот наваму армијата ги обновила вооружените судири со бунтовниците од племето Коканг на свероистокот на државата. Армиската команда соопшти дека немало посериозни судири со бунтовниците и дека ја повратила конролата на 4 важни стратешки позиции што се наоѓаат во близина на границата на Мјанмар со Кина.
Како што денеска е соопштено, во судирите што започнаа на 9 февруари загинале 126, а биле ранети 359 воојници. Владините трупи откриле 74 тела на бунтовниците и заплениле поголемо количество оружје и муиција. Уапсени се и 22 лица за кои се претпоставува дека се меѓу водечките фигури на племенското бунтовничко движење во провинцијата Шаен.
Обновената армиска акција може да го доведе во прашање потпишувањето на договорот за целосен мир во Мјанмар, што како драфт го усогласија властите и претставниците на 19 члената племенска коалиција. Координативното тело на коалицијата на етничките бунтовнички групи денеска онјави отворено писмо до претседателот на Мјанмар Теин Сеин со барање да нареди запирање на воените активности против бунтовниците, а во спротивно ќе се соочи со откажување од потпишувањето на мировната спогодба.