Во некои американски таблоиди се појавија фотографии на пејачката Пинк, на кои таа изгледа како да има „вишок килограми“, што поттикна лавина реакции на злобниците, но и на фановите, околу нејзината килажа.
По првичниот молк, Пинк сепак реши да им одговори на „загрижените“ за нејзината тежина, објаснувајќи дека станува збор за фотографии направени на една добротворна манифестација за помош на заболените од канцер.
– Признавам дека на фотографиите фустанот не изгледа онака како што изгледаше во мојата кујна, но признавам и дека се чувствувам многу добро. Поточно, прекрасно. Затоа мои драги загрижени луѓе, немојте да се грижите за мене. Јас не се грижам. Совршено сум во ред, порача Пинк.
На овој начин, Пинк им се придружи на Хилари Даф и Кели Кларксон, кои бурно реагираа на коментарите за нивниот изглед и вишок килограми, порачувајќи дека попрво би биле здрави, среќни и силни жени, отколку да се потчинуваат на холивудските стандарди.