Познатиот музичар Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, глумицата Џесика Бил вчераа го добија своето прво дете, синот Сајлас Рендал.
Тимберлејк (34) е пресреќен, а мајката и бебето се чувствуваат одлично, пишува магазинот „Пипл“.
Бил и Тимберлејк се во врска од 2007 година, а се венчаа во 2012 година во Италија.
Тимберлејк по успехот на својот бенд N’Sync ја продолжи успешната соло кариера, додека Бил е позната по улогата во серијата „7th Heaven“ и филмовите „Илузионист“, „Тексашки масакр со моторна пила“, „Блејд 3“.