Настапот на познатиот балкански пејач Горан Бреговиќ на полскиот музички фестивал во Аушвиц е откажан
поради неговиот неодамнешен концерт на украинскиот полуостров Крим, каде наводно ја величал Русија, а не ја осудил илегалната окупација на областа, соопштија организаторите.
Познатата рок-манифестација Лајф Фестивал Аушвиц од 2010, секоја година се одржува во овој јужен полски град каде во минатото се наоѓаше нацистичкиот концентрационен логор.
На веб страницата на организаторите се вели дека Фестивалот е „против војната и сите форми на насилство, расизам и кршењето на човековите права”, јави дописникот на МИА од Прага.
Во овој контекст, ја осудуваат изјавата на Бреговиќ при посетата на Севастопол, која била ,,спротивна на вредностите до кои се придржуваат основачите на фестивалот”.