Шила Фербродер (90), мајка на Елтон Џон им откри на странските медиуми дека со синот не разговара седум години.
Кавгата меѓу мајката и синот почнала кога Елтон и наредил на Шила да го прекине контактот со нејзините долгогодишни пријатели Боб Хејли и Џон Рид. Боб е возачот на Елтон, а Џон негов менаџер.
– Кога тоа го побара од мене, му кажав дека не сакам да го прекинам пријателството со нив. Боб ми е како син. Меѓутоа Елтон ми се развика во тој момент и ми кажа дека ме мрази! Замислете тоа ми го кажа мене, на неговата мајка, вели Шила.
Таа нагласува деја Дејвид Фурниш, сопругот на Елтон, го наговорил нејзиниот син да побара од неа да се откаже од своите пријатели. Дејвид, според неа, не сака Боб и Џон да бидат во нивните животи.