Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, треба да се породи следниот месец, а во британските кладилници веќе на големо се води битка околу името на бебето.
Иако се уште не е потврдено дали малиот принц Џорџ ќе добие брат или сестра, оваа ситуација за кладилничарите е уште повозбудлив предизвик.
Имено, според резултатите од кладилниците најмногу шанси имаат имињата Елизабет и Џејмс, а веднаш зад нив се наоѓаат Викторија, Шарлот, Филип и Артур.
Освен полот на бебето и потенцијалните имиња, кладилничарите погаѓаат и дали Кејт ќе роди тројка или близнаци, како и во каков фустан ќе се појави на породувањето.