Лиам Нисон во моментов го промовира својот најнов филм, акциониот трилер „Run All Night“ во кој глуми заедно со Џоел Кинаман и Ед Харис. Ова е уште еден од редицата акциони филмови кои Нисон ги сними последниве неколку години, од кои секако најпопуларна е франшизата „Taken“.
Со оглед на тоа што има 62 години и на доцни години стана препознатлив по акциониот жанр, Нисон во интервју доби прашање за тоа уште колку време планира да снима акциони филмови.
„Можеби уште две години, ако Бог ме поштеди и ако сум здрав. Но, после тоа ќе престанам…барем така мислам“ – стои во изјавата што ја пренесе The Hollywood Reporter.
Во „Run All Night“, Нисон ја толкува улогата на поранешен платен убиец кој ќе се соочи со поранешниот шеф за да го спаси својот син.
Извор: Мета