Во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија во женска конкуренција.
Салата „Градски Парк“ во Скопје ќе биде домаќин на 23-то издание на Женскиот Куп на Македонија, кое ќе се играат претстојниот викенд на 21 и 22 март.
Минатогодишниот освојувач Бадел, одбраната на трофејот ќе ја почне со дерби натпревар против МНА Кожувчанка во полуфиналето што ќе се игра од 15 часот и 30 минути.
Во првиот полуфинален меч, чиј почеток е предвиден од 13 часот, ќе играат екипите на Лотос и Струга 2009.
Финалниот натпревар ќе се игра во недела (22 март) со почеток од 15 часот и 30 минути, а како увертира на сениорското ќе се игра финалето во младинска конкуренција во кое за трофејот ќе се борат екипите на Бадел и Младост од Битола.