Американката Вирџинија Робертс, која тврди дека мала секс со британскиот принц Ендрју кога била тинејџерка, има судско досие уште од нејзината 14-годишна возраст, открива весникот „Њујорк дејли њуз“.
Според овој весник, Робертс во 1998 година тврдела дека била силувана во автомобил во Палм Бич на Флорида. Нејзината мајка поднела кривична пријава, па полицијата седум месеци водела истрага, но на крајот никој не бил обвинет.
Судот во Флорида го отфрлил нејзиното тврдење како „неуверливо“ а изјавите на Робертс ги оквалификувал како сомнителни, за тоа дали она што таа тогаш го тврдела воопшто е точно.
Нејзината мајка која се појавила како сведок на судот, рекла дека ќерката е зависник од дрога и дека има опасно друштво, составено од тинјеџери кои се наркомани, припадници на вештерска секта и дека често „принесуваат жртви“ убивајќи домашни миленичиња.
Отфрленото тврдење за силување на Робертс се случило три години пред таа да се сретне со принцот Ендрју и со него,за прв пат,да има сексуален однос,кога имала 17 години.
Во 1998 година, Вирџинија Робертс дошла во Лондон, како придружничка на американскиот богаташ, Џефри Епштајн, пријател на британскиот принц.
Робертс која сега има 31 година, води правен процес против американската држава,обвинувајќи ја дека доволно не ги заштитила нејзните права,кога бил осуден Епштајн за сексуални врски со малолетнички и за подведување.Таа не го обвнува принцот Ендрју,само го споменува како еден од клиентте што и ги наоѓал Епштајн,низ светот,носејќи ја како „сексуална робинка“ и нудејќи им ја своите богати бизнис партнери и пријатели.
Британскиот принц и кралската Бакингамска палата, службената резиденција на кралицата Елизабета, неговата мајка категорично ги отфрла тврдењата на Вирџинија Робертс.
Другите двајца, кои како и принцот, таа ги споменува како „најугледните клиенти“ понудени од Епштајн, тврдат дека Робертс лаже и дека единствено има цел да земе што поголема отштета.
Нејзиниот адвокат го осуди појавувањето на написот во „Њујорк дејли њуз“, предупредувајќи дека тој би можел да влијае врз конечната одлука на судот.