Актерот Чарли Ханам се откажа од улогата во филмот „50 нијанси сива“, но и без тоа тој е прогласен за најсекси маж во 2015 година.
Чарли Ханам е мажот со најубаво тело во 2015 година. Британецот го надмина неговиот колега Крис Хемсворт и освои 75 отсто од гласовите во анкетата на сајтот eonline.com.
Ѕвездата на серијата „Синови на анархијата“ беше откриен на 17 години. Тогаш во продавница за чевли пијан купувал патики за неговиот брат. Од тогаш до денес, кога има 34 години, неговата кариера оди по нагорна линија..
Следно што ќе работи е филмот „Кралот Артур“ на Гај Ричи.
Кратко време беше во брак, а од 2007 година е во врска со дизајнерката на накит, Морган Мекнелис.