Познато е дека Анџелина Џоли е дел од шоубизнисот уште од тинејџерските денови и дека на почетокот се занимавала со манекенство.
Деновиве на интернет се појавија фотографии од една фото сесија од времето кога славната актерка и режисерка имала само 16 години.
Овие фотографии, според некои американски медиуми, нудат „глетка што создава непријатност“. Сепак, ваквиот опис можеби е малку прегруб, имајќи предвид дека фотографиите се од пред 24 години, кога биле сематни за сосема нормални.
Единствено што помалку предизвикува грч на лицето е фактот дека младата Анџелина не е во облека примерна за нејзините годни, а покрај тоа и не успева да изгледа релаксирано на фотографиите.