Познатата актерка Лив Тајлер по вторпат стана мајка, добивајќи син.
Тајлер се породила во средата во Њујорк, а на враќање дома била опкружена со семејството и блиските пријатели. Со неа бил и нејзиниот сопруг, фудбалскиот агент Дејв Гарднер.
Тајлер и Гарднер се запознале преку заедничка пријателка, моделката Кејт МОс, и двајцата имаат деца од претходните бракови.
Актерката со поранешниот сопруг, музичарот Ројстон Лангдон, има десетгодишен син Мило, додека Гарднер седумгодишниот син Греј го доби во брак со поранешната сопруга, актерката Давинија Тејлор.