Џаред Лето стана заштитник на дивите животни

Од:

Актерот Џаред Лето стана глобален амбасадор на Светскиот фонд за природата во борба против криволовот и криминалот во областа на дивите видови (ВВФ).

Во својата нова улога Лето ќе работи со ВВФ за да се подигне свеста за најважните, клучни прашања со кои се соочува нашата планета, се наведува во соопштението.

Лето неодамна со ВВФ отпатува во Јужна Африка за да од прва рака дознае повеќе за криминалот во областа на дивите видови, а посебно за проблемот за криволовот кој го доведува во прашање опстанокот на носорозите.

– Мојата најнова авантура во Јужна Африка беше спектакуларна, како и секогаш. Да се биде во непосредна близина на величенствени суштества како носорозите и слоновите, длабоко ме поврзува со природата и ја прифаќам одговорноста да помогнам во заштитата на овие кревки видови и нивните живеалишта, вели познатиот актер.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ