Бијонсе ја нуди вегетаријанската храна со која ја ослабе

Од:

Се сеќавате ли на вегетаријанската диета од 22 дена со помош која Бијонсе и Џеј-Зи ја намалија тежината пред заедничката турнеа?

„Претприемачката“ Бијонсе сега реши да им помогне на нејзините фанови да дојдат до идеално тело, па лансира проект со кој без многу труд ќе се обиде уште малку ја подобри својата финансиска состојба.

Проектот „22 Дена Исхрана“ вклучува дневна испорака на вкусна вегетаријанска храна, со која купувачите ќе се хранат цел ден и не ќе мора да се грижат за купување прехранбени производи или пак со часови да го минуваат времето во кујната.

Купувачите можат да изберат три опции со едно, две или три оброка на ден и да кажат кое јадење го сакаат.

Цената се движи од 9.76 до 16.50 долари, што и не е премногу, особено кога ќе помислите дека секој ден можете да пробате нешто ново, да ја заборавите кујната 22 дена и притоа уште да ја намалите тежината.

Сите оброци се стопроценти од растително потекло, без соја, глутен, лактоза и ГМО, па можат да ги конзумират и вегетаријанци кои не ги интересира диетата, туку само таквиот начин на исхрана.

– Се што треба да направите е да се обидете. Ако можев јас, може секој, изјави Бијонсе.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ