Името на се уште не роденото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон стана прашање од национален интерес, барем за еден дел од жителите на планетата.
Обложувачите вложија пари во надеж дека токму тие ќе предвидат како ќе се вика новиот член во британското кралско семејство и дали принцот Џорџ ќе добие брат или сестра.
Магазинот „ОК“ вчера објави вест дека Кејт чека девојче и најави дека во новиот број ќе се најде фотографија од ултразвукот кој го потврдува тој факт.
На насловната страница на магазинот стои и изјавата на Кејт:
„Ќе се вика Дајана“, директно имплицирајќи дека новиот член од кралското семејство ќе го добие името на починатата принцеза Дајана.
Од кога се дозна дека Кејт е бремена, започнаа шпекулациите дека нероденото бебе ќе биде наречното по мајката на нејзинот маж.
Така името Дајана уште од почеток е фаворт и мали се можностите дека ќе го изберат името на кралицата Елизабета Втора.
Инаку на листата на обложувалниците се наоѓаат се и Елизабет, по самата кралица, Маргарет по починатата сестра на кралицата и Шарлот по средното име на сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон.
Е. Г.