Басистот на Блек Сабат (65), Гизер Батлер вчера заврши зад решетки откако учествувл во тепачка во барот во Дет Валеј во Калифорнија, јавија медиумите.
Во затвор заврши заради напад, алкохолизираност и вандализам. Според полицискискиот извештај, како што јави Хина, полицијата во барот „Corkscrew Saloon“ дошла по дојава за физички и вербален напад. Било дојавено дека избила кавга која ескалирала во физичка пресметка и дека едно лице е удрено, а прозорец скршен.
На крајот, Гизер Батлер, беше уапсен за напад, алкохолизираност и вандализам. Пуштен е по детоксикација со покана за на суд.
Ниту Батлер, ниту Блек Сабат не го коментираа инцидентот. Се очекува групата да го сними последниот албум оваа година, а сето тоа треба да биде проследено со проштална турнеа.