Нема пари за разоткривање на чудото во „Св. Димитрија“

Од:

Нема доволно пари за испитување на фреските во „Свети Димитрија“. Од скопскиот Конзерваторски центар пред три дена побарале дополнителни средства од Министерството за култура. Барањето таму допрва ќе се разгледува.

И покрај најавите, по речиси два месеци од „чудото“, конзерваторите сеуште не направиле испитување зошто блеснаа златните ореоли на фреските во црквата. Прво ги кочеше дозволата од МПЦ. Откако ја добија, проблем станаа парите. Откако ќе ги обезбедат средствата, ќе треба да чекаат дозвола од Управата за културно наследство.

Додека конзерваторите се жалат дека државната бирократија го кочи нвното влегување во црквата, без докази не сакат да дадат објаснување што го предизвика блеснувањето на ореолите.

Научниците веднаш се огласија. Како што пред скоро 2 месеци за А1 изјави Коста Балабанов, долгогодишен конзерватор, сега во пензија, појавата е толку очигледна што довилни биле само 5 минути, да се погледнат фреските и веднаш знаете што се случило. Тој тогаш го објасни случајот со едноставна кондензација која ги измила фреските.

Сеуште никој не кажува за колку време ќе стигнат парите за почеток на официјалното испитување. Конзерваторите сепак потврдија, колку подолго се чека, толку е поголема веројатноста дека голем дел од доказите, потребни за научното објаснување ќе исчезнат.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Отстранет билбордот со чудото од Св. Димитрија

Емир Латифовиќ