Како заработуваат милиони од починати ѕвезди

Од:

Голем број компании за рекламни кампањи користат ликови на починати славни личности , а меѓу нив убедливо најуспешен е ликот на Мајкл Џексон.

Исто така ново заштитно лице на „Макс фактор“ не е ниту една од актуелните филмски ѕвезди, туку една поранешна и одамна почината личност, Мерлин Монро. Фактот што во тек на својата слава била клиент на салонот за убавина на „Макс фактор“ во Холивуд, бил доволен во рамките на новата маркетингшка тенденција која е наречена „маркетинг со починатите“ да ја врати во јавноста.

Познатата фирма за производство на козметика, 53 години по смртта ја именува Мерлин Монро за свој глобален амбасадор. Во компанијата сметаат дека фотографијата на актерката која уште во 1946 година, 33 пати била на насловните страници на американските списанија е најдобра реклама за производите што ги нудат.

Ликот на славната убавица е користен и за рекламните цели на произведувачот на парфеми „шанел 5“ а се појавуваше и во компанијата „J’adore“ со исто така одамна починатите ѕвезди Марлен Дитрих и Клерк Гебл.

„Форбс“ минатата година објави ранг- листа на починати богати ѕвезди, на која првото место му припадна на Мајкл Џексон, додека Монро се најде на шестото место.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ