Саудиското кралско семејство гради ѕид долг илјада километри за да го заштити кралството од џихадисти на Исламска држава.
Кралот на Саудиска Арабија Абдула бин Абдулазис ал-Сауд ја покрена првата фаза на проектот уште во септември минатата година, откако исламистичките бунтовници го преплавија соседен Ирак.
Бариерата ќе се состои од канал, две огради и пат за патролирање што ќе ги поврзуваат надѕорните кули и командните центри.
На оградите ќе се наоѓаат термални камери и радари кои можат да детектираат поединци на оддалеченост од речиси 20 километри, а возилата на 40 километри.
Два терористички напади минатата седмица на границата на Саудиска Арабија, еден самоубиствен, а друг оружен, го однесоа животот на двајца погранични полицајци, а воените аналитичари ги окарактеризираа како прв напад на ИД на тоа блискоисточно кралство.