Авионот на „Ер Азија“ веројатно експлодирал во воздух пред да падне во морето

Од:

Патничкиот авион на компанијата „Ер Азија“, што пред две недели се урна во Индонезија, веројатно „имал експлозија“ поради значителна промена во притисокот, пред да падне во вода, изјави денеска високо позициониран претставник на индонезиските власти, цитиран од британските медиуми, пренесува БТА.

– Врз основа на пронајдените остатоци и други делови, мојата анализа покажува дека авионот имал експлозија, пред да падне во водата, изјави Супријади, оперативен координатор во индонезиската Национална служба за спасувачко-трагачки операции.

Според него, левата страна на авионот, се чини, се распаднала, што говори за промена во притисокот, што може да ја предизвикала експлозијата.

Би можело да ве интересира

Пилотот на авионот на „Транс Азија“ се обидувал да ја спречи несреќата

Емир Латифовиќ

Уште шест тела извадени од паднатиот авион во Јаванско Море

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Емир Латифовиќ

Откриен трупот на паднатиот авион на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ

Извлечена црна кутија од „Ер Азија“

Емир Латифовиќ

Лоцирани црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ