Извлечена црна кутија од „Ер Азија“

Од:

Нуркачи од Индонезија извлекле една од двете црни кутии од авионот на „Ер Азија“ , кој на 28-ми декември се урна во Јаванско море со 162 патници и членови на екипажот.

-Утрово е извлечен на површина дел од црната кутија која ги содржи параметрите на летот на авионот- изјави директорот на индонезиската агенција за потрага и спасување, Бамбанг Соелистио и додаде дека нуркачите трагаат по другиот дел од црната кутија кој ја има аудио снимката на пилотот.

Нуркачите синоќа ги локализирале црните кутии на околу 30 метри длабочина во водите на Јаванско море во делот од остатоците од авионот, но невремето ја попречило потрагата. За потсетување неколку минути пред авионот да исчезне од радарите, пилотот рекол дека авионот се приближува во заканувачка маса од облаци и побарал да му дозволат леталото да го крене на поголема висина, но барањето му било одбиено, поради густиот авионски сообраќај во тоа време.

Инаку се уште не е утврдено што ја предизвикало несреќата иако според извештајот на индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика, лошото време е означено како важен фактор.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пилотот на авионот на „Транс Азија“ се обидувал да ја спречи несреќата

Емир Латифовиќ

Уште шест тела извадени од паднатиот авион во Јаванско Море

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Емир Латифовиќ

Откриен трупот на паднатиот авион на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ веројатно експлодирал во воздух пред да падне во морето

Емир Латифовиќ

Лоцирани црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ