Спектакл за 80-тиот роденден на Елвис Присли

Од:

На имотот на Елвис Присли Грејсленд во Мемфис, за денеска се подготвува голема прослава по повод неговиот 80-ти роденден, повеќе од три ипол децении по неговата смрт. Славењето вклучува роденденска торта, јавно прикажување на филмови и аукција на предмети, како што е неговата прва возачка дозвола и првите снимки.

Иако почина во 1997 година, Присли се уште е еден од уметниците чии дела најдобро се продаваат и недвосмислено е „кралот на рокенролот“.

– Сите овие години тој е на врвот, изјави Скот Мур (83) од Нешвил, гитарист и единствениот жив од снимањето во 1954 година, кога настана хитот „That’s All Right“.

– Тоа снимање во студиото Сан во Мемфис промени се во популарната музика и култура, тврди Пер Купер, писател и уредник во Country Music Hall of Fame and Museum во Нешвил.

– Се променија нашите животи, вклучувајќи ги и на оние кои се уште не беа родени. Се промени нашиот начин на облекување, нашите фризури и нашиот говор, рече Купер.

Присли е роден на 8 јануари 1935 година во сиромашно семејство во Тупел во Мисисипи, а на возраст од десет години со родителите се пресели во Мемфис каде впивал мешавина на блуз, ритам и блуз и афроамериканска духовна музика, што преставува подлога на која настана рокот. Влијанието на Елвис се чувствува меѓу најголемите поп музичари, од Битлси до Џастин Тимберлејк.

– Можете во неговиот глас да го слушнете Дин Мартин, можете да слушнете црн госпел и кантри музика, тврди музичарот од Нешвил, Бил Лојд, член на кантри рок дуото Foster and Lloyd.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ