Италија и Шпанија го зголемија нивото на безбедност

Од:

Италија и Шпанија од вчера го зголемија нивото на безбедност по нападот врз францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека нема конкретни закани, ниту сомнежи за можни терористички напади, но дека безбедносните мерки се зголемени во близина на „чувствителни“ француски, американски и еврејски цели, додавајќи дека Исламската држава го смета Рим за седиште на христијанството, што исто така може да го направи цел на групата.

Папата Франциско го осуди нападот, нагласувајќи дека такво насилство никогаш не може да биде оправдано.

Безбедносните мерки се зголемени и во Шпанија. Медиумската група „Приса“, која го издава весникот „Паис“ го евакуираше седиштето на редакцијата во Мадрид откако бил примен сомнителен пакет, за кој подоцна е утврдено дека не е опасен.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз, соопшти дека нивото на безбедност е зголемено и дека шпанската Влада разменува информации со Франција.

Сепак, според Дијаз ваквите мерки се само претпазливи и не постојат знаци дека во Шпанија се подготвува напад сличен на тој во Париз.

Вооружени маскирани напаѓачи вчера упаднаа во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во Париз, познат по карикатурите на исламските лидери, и притоа убија најмалку 12 лица, од кои 10 новинари и двајца полицајци, по што избегаа.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица Португалци загинаа во сообраќајна несреќа во Франција

Емир Латифовиќ

Џентилони: Нема воено решени на сирискиот конфликт

Емир Латифовиќ

Во Виена „тајна средба“ меѓу Фајман и Шулц

Емир Латифовиќ

Норвешка црква се вклучи во ловот на покемони

Емир Латифовиќ

Поранешниот диктатор на Чад осуден на доживотна казна затвор

Емир Латифовиќ

На 6 јули ќе биде претставен извештајот на Чилкотовата комисија за британското учество во нападите врз Ирак

Емир Латифовиќ