Холивудската актерка Камерон Дијаз се омажи по седум месеци забавување со пејачот на групата „Гуд Шарлот“, Бенџи Маден, објави „Пипл“.
Порптаролот на познатата двојка потврдил дека четириесет и двегодишната Дијаз и седум години помладиот Маден се венчале во понеделникот навечер на интимна церемонија во нивната куќа во Лос Анџелес.
„Среќни сме што го почнуваме новото заедничко патување опкружени со најблиските пријатели и семесјтвото“ соопшти двојката.
Актерката и пејачот се забавуваат од мај, а се верија во декември, пред Божик. На венчавката присуствувале актерката Дру Баримор, братот на Бенџи, Џоел, кој е исто така член на бендот „Гуд Шарлот“ и неговата сопруга Никол Ричи.
Камерон Дијаз стана позната по улогата во филмот „Маска“. Глумеше со Дру Баримор и Луси Лиу во филмот „Чарлиеви ангели“ и во едно продолжение, како и во филмовите “All About Mary” (1998), “Knight and Day” (2010), “The Green Hornet” (2011), “Bad Teaćer” (2011) и “The Other Woman” (2014).