Македонските афористичари Димитар Вилазорски, Васил Толевски и Миле Ѓорѓијоски на најубав можен начин ја заокружија својата творечка активност во годината што измина со објавување на заедничкиот зборник на афоризми „Време е за тројка„.
Книгата е во издание на издавачките куќи: „Орион„ и „Артија„., и е објавена во едицијата „Балканска сатира.
Корицата и илустрациите за зборникот „Време е за тројка„ ги изработи познатиот македонски карикатурист Миро Георгиевски.
– Имавме плодна соработка во 2014 година, многу настапи на фестивали на сатирата во земјава и странство, со бројни награди и признанија. Сепак, спроти настапувањето на Новата 2015 година. најубавата честитка за љубителите на хуморот и сатирата и на нашите читатели е заедничката книга „Време е за тројка„ – зборник на афоризми, изјави Миле Ѓорѓијоски.