Популарниот канадски пејач Џастин Бибер реши за Божик самиот себе си да си подари авион, со што веднаш се пофали на Инстаграм.
– Мојот подарок за Божик. Преубав е, напиша Бибер под фотографиите што ги објави на Инстаграм.
На фотографиите се гледа Бибер и ентериерот на авионот во негова позадина.
Ваквото „фалбаџиство“ на младиот Џастин сепак не им се допадна на сите негови фанови, па некои му упатија и критики и негативни коментари.