Познатата актерска двојка Џони Деп и Амбер Херд ги поканија пријателите на голема прослава на Нова година на Бахамите, каде најверојатно ќе се венчаат.
Тие се верени речиси една година и најверојатно на новогодишната вечер ќе го кажат судбоносното да.
Деп е многу скромен и никогаш не прави големи забави, па затоа се претпоставува дека се работи за венчавка. На тој начин актерот ќе се обиде да ја задржи венчавката подалеку од очите на јавноста.