Наградени најдобрите претприемачи во 2014 година

Од:

Компанијата АЦДЦ-ДЦАЦ доо Скопје, специјализирана за производство на повеќестепени пренапонски повеќезаштитни уреди, е прогласена за најиновативна компанија  од технолошки аспект на денешната манифестација „Претприемач на годината 2014“.

На сопствениците на АЦДЦ-ДЦАЦ, која е единствен  производител на повеќестепени пренапонски заштитни уреди во ЈИЕ и единствен европски производител на осумстепена пренапонска заштита, министерот за економија Беким Незири им додели награда од 120.000 денари.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Васко Дамевски, менаџер на компанијата „Ксенос“  од Демир Хисар, а втората на Сејди Шахсивари од „Урбан план констракшн“ од Тетово. Првонаграден во категоријата  микро претпријатија  е Андреј Петковски, менаџер на компанијара Ѓорго-комерц од Куманово, а второ награден Звонко Трпковски, менаџер на „Атлантик“ од Скопје. Првонаградените претприемачи добија златни статуетки  и ваучер за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второнаградените сребрени статуетки и ваучер од 25.000 денари.

Министерот Незири на доделувањето на наградите истакна дека на претпримачите не им е потребно само охрабрување и поттикнување, туку и награда и признание.

– Почнувањето бизнис, неговото постоење и проширување, отворање нови работни места, инвестирање, особено во отежнати услови на стопанисување, навистина е вредно за почит и признание, рече Незири.

Министерството за економија, посочи, ќе продолжи да ја имплементира годишната програма за конкурентност, иновации и претприемништво, кое ќе понуди мерки за индустриска политика и кластери.

– Фокусот е ставен на поттикнување на развојот на фирми преку имплементација на стандардите за квалитет и поддршката на женското претприемништво,  промоцијата на занаетчиството, зголемување на нивната продуктивност,  развој на пазарот, поттикнување на иновациите…., наведе Незири.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината 2014“ е направена врз основа на податоци од Централниот регистар на РМ. Се анализираше растот на компаниите по основ на бројот на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вкучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми, посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации…

Организатори на манифестацијата „Претприемач на годината 2014“ се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за  претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија, а покровител Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

We make: Женско претприемништво за конкурентност – и јас можам!

Ана Ололовска

Бектеши: Улогата на малите и средните претпријатија во генерирањето на економски раст е широко препознаена и призната

Ана Ололовска

Доделени наградите Претприемач на годината – 2017

Ана Ололовска

Доделување на наградата „Претприемач на годината“

Ана Ололовска

По 10. пат ќе биде прогласен „Претприемач на годината“

Ана Ололовска