Актерот и оскаровец Мајкл Даглас веќе неколку дена престојува во Прага. Целта на посетата е новиот филм со работен наслов „Отклучено“, во кој тој ја има главната улога.
Во филмот, Даглас е агент на ЦИА, а дејството се одвива во Лондон, на кој му се заканува терористички напад со биолошко оружје. Во овој филм глумат и Орландо Блум и шведската актерка Нуми Рапас.