Една од најпознатите хрватски пејачки Тереза Кесовија од средата вечерта се наоѓа на Клиниката за инфективни болести во Загреб, објави денеска порталот Индекс.
Според порталот, пејачката повторно имали проблеми со сепсата, како пред три месеци кога заврши во болница во Дубровник.
Последните неколку денови Тереза имала проблеми со висока температура, а по прегледите лекарот и предложил да остане во болница поради сепса.
– Се чувствувам многу подобро. Тука сум под строг режим на лекарите, кои се грижат за мене. Бидејќи имам само еден бубрег, секоја ваква ситуација се доживува многу сериозно, додаде една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.
Таа вели дека во болница ќе биде задржана уште најмалку два дена, нагласувајќо дека дополнителен проблем и прави стресот.
– Ми велат да забавам, но бурно реагирам на многу работи и резултат на тоа е стресот, истакна Тереза.