Популарната пејачка Ријана наводно е бремена, пишуваат голем број светските медиуми, нагласувајќи дека освен тоа таа веќе пишува песна за нејзината бременост.
Веста за бременоста ја изненадила и самата Ријана, но таа заради тоа е пресреќна, објави „Холивуд Лајф“.
Поради бременоста Ријана забранила да се пуши во музичкото студио каде моментно работи на новата песна, што е многу невообичаено имајќи предвид дека до неодамна 26-годшната пејачка редовно пушела марихуана.
Таа престанала со пушење веднаш по веста за бременост, која ја потврдиле два извори „многу блиски до пејачката“.
Ријана која неодамна беше на родниот Барбарос, на социјалните мрежи објави неколку фотографии со нејзината мала внука и уште тогаш многу нејзините фанови коментираа дека мајчинството многу убаво и стои.
За сега се уште не е познато кој е таткото на нејзиниото дете, но медиумите посочуваат неколку кандидати. Некои мислат дека тоа би можел да биде реперот Драк кон кого пејачката негуваше отворени симпатии, некои одат толку многу далеку и го споменуваат нејзиното поранешно момче Крис Браун, а други тврдат дека тоа е Клиф Диксон со кого Ријана се дружела минатото лето.