Зошто да купува фустани за бремени, кога се уште и се точни оние што ги носеше пред една година?
Принцезата Кејт Мидлетон не е единствена бремена жена која секој месец од бременоста добива по некој килограм, па без проблеми може да ја носи старата облека.
Убавата војвотка веќе одамна изјави дека не ја интересираат дворските правила според кои иста гардероба не се носи двапати, особено не на важни свечености, па на вечера одржана во њујоршкиот Метрополитен музеј се појави во темносин долг фустан со потпис на Џени Пекам.
Долгиот фустан со кадифен појас, убавата Кејт веќе го носеше на една свеченост во 2013 година, а сега имаше сама поинаква фризурата и накит.
Принцот Вилијам, кој оддржа и говор, изгледаше елегантно во бела кошула и црн смокинг.