Една од најпопуларните двојки на светот Ким Кардашијан и Кание Вест ја прошириле приказната дека моментно размислуваат за второ дете, а извор за „Ин Тач“ изјавил дека тие поднеле документи за развод на бракот.
Последните седум месеци од бракот биле проблематични поради однесувањето на Кание, а „точката на вриење“ достигнала кога 37-годишниот рапер не присуствувал на празничната вечера за Денот на благодарноста кај семејството Кардашијан, туку заминал во Париз со пријателите.
– Ким била бесна што таа и нејзината ќерка Норт Кание биле оставени за празникот и што морала сама да се појави кај своето семејство, истакнал изворот.
Реалити ѕвездата (33) е толку многу луа поради се, што околу разводот веќе се консултирала со адвокатот, пишува lifeandstylemag.com.