Женската екипа на Бадел го претрпе и петтиот пораз во женската регионална лига. Бадел синоќа беше поразен на гостувањето од Гросбаскет со 63:50 (19:9, 16:15, 15:10, 13:16 ).
Слабиот старт и само девет постигнати поени во првиот период беа причината за поразот. Домашните кошаркарки постојано го зголемуваа водството, а највисоката предност (+19 поени) ја имаа во 34. минута (57:38). Сепак во финишот на дуелот кошаркарките на Бадел ја намалија предноста на противничките.
Најефикасна на натпреварот беше Мартина Остерман од Гросбаскет со 15 поени, додека кај Бадел Александра Стојановска постигна 13 поени.
Табела Б група: Атлете Целје 10 бодови, Радивој Кораќ 9, Челик 8, Гросбаскет 7, Трешњевка 6, Бадел 5.