По се изгледа Принс ги напушти социјалните мрежи, со истата брзина со која и дојде на нив.
Неговиот налог на Твитер и профил на Фејсфук беа згаснати на почетокот на оваа недела, по само една година од неговиот прво вклучување.
Претстаниците на познатиот пејач, одбија да го коментираат неговото напуштање на интернетот, како на Фејсбук, така и на Твитер. Принс ја отстранил и сета своја музика од неговоиот социјален налог, а ги избришал и речиси сите видеа од налогот ВЕВО на Јутјуб.
Се што остана е само едно старо интервју и две верзии од неговиот сингл од 2013 година „Breakfast Can Wait”. Неговиот Инстаграм беше достапен до 25 ноември, но во меѓувреме и тој е отсранет.
Принс веќе со години има многу турбулентен живот на интернет. – Интернетот е целосно мртов, рече Принс во 2010 година, кога најави дека ќе ги тужи еБај, Јутјуб и Торнет поради „илегална дистрибуција на неговата музика“.
Тој дури тужеше и негови фанови, поради дистрибуција на негови песни. Подоцна тој сепак се откажа од тужбата, за набрзо да се придржи на социјалните мрежи, кои ги искорити за промовирање на новиот материјал, што го сними со Трд Ај Грл.
На почетокот на октомври, Принс на Фејсбук организираше онлајн интервју, но и покрај бомбастичната најава, одговори само на едно прашање во кое ги советуваше фановите неговата музика да ја слушаат само во висока аудио резолуција.
Принс оваа година објави два албума – „Plectrumelectrum“ и „Art Official Age“.